
Терористичката Исламска држава објави мапа на која е прикажано каде има свои оперативни ќелии во Европа, пренесува „Дејли Експрес“. Со оваа мапа, терористичката организација најверојатно сака да го прикаже сопственото влијание во светот.
Специјалната мапа која е објавена со цел да се одбележи две годишнината откако ИД прогласи сопствен калифат во Сирија и Ирак го дели светот на главно, средно влијание и на оперативни ќелии.
Според мапата, ИД има средно влијание во земјите од Источна Европа до Далечниот Исток. Тука се Нигерија, Авганистан, Сомалија и Јемен.
Оперативни единици има на местата каде имаше и терористички напади: Франција, Турција и Либан.