
На Попова Шапка вчера околу 19 часот било пронајдено мртво тело. Како што информираат од МВР, телото на 29-годишниот М.Ј било пронајдено на скијачката патека Церипашино, во месноста Казани.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Тетово, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.