
Златен накит вреден 300.000 денари бил украден од станот на 67-годишниот Д.Ц.
Како што информира МВР вчера на ул.„Воденска“ непознат сторител се прекачил на балконска ограда и влегол низ прозорот во станот сопственост на Д.Ц.(67).
Притоа крадецот пронашол и одзел златен накит по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.