Организаторот на нападите на турскиот аеродром  – за Русите „терорист“, за Австријците „бегалец“

Сепак и покрај докажаното терористичко минато и фактот дека за него била распишана потерница во Русија, Чатајев 13 години мирно се движел благодарение на статусот на бегалец што му го доделила Австрија.

Според збворовите на заменикот на рускиот Истражен комитет Андреј Пржездомски на Чатајев во Исламска држава му била доделена водечката улога во обуката на екстремистите за изведување на терористички напади во Русија и Западна Европа. Тој бил и командант на единицата состљавена од луѓе со потекло од Северен Кавказ.

Ахмед Чатајев
Ахмед Чатајев

На исламските екстремисти им се приклучил за време на Втората чеченска војна 1999-2000 година, каде ја загубил раката поради што го добил прекарот „Едноракиот ахмед“. Подоцна се сметал за претставник на Дока Умаров, некогашен „терорист број 1“ во Русија и Западна Европа.

Тој во Русија е на потерница од 2003-тата година поради регрутирање луѓе во терористичките групации. Меѓутоа истата година добил азил во Австрија. Тврдел дека ја загубил раката откако бил тешко измачуван во руски затвор и дека го прогонуваат руските власти. Тој бил приведуван во Шведска во 2008-мата година кога полицијата во неговото воила нашла калашникови, експлозив и муниција, поради што таму бил во затвор околу една година.

Во 2010-тата година бил уапсен во Украина, кога на неговиот мобилен телефон било најдено упатство за изведување експлозии и фотографии од луѓето што загинале во неа. Русија бараше негова испорака поради поврзаност со тероризам, но Европскиот суд за човекови права и’ наложи на Украина да не го испорачува, додека Амнести интернешнл ги повика украинските власти да не го предаваат затоа што во Русија „би можел да биде соочен со неправедно судење и би бил во опасност да биде измачуван и малтретиран“.

Шефот на надворешнополитичкиот комитет на руската Дума Алексеј Пушков рече дека Русија ја предупредила Турција на Чатајев, баш како што своевремено праќала информации и за браќата Цернаеви што извршија напади на маратонот во Бостон.

Им кажавме на ФБИ за браќата Цернаеви. Баравме испорака на терористот Чатајев. Не ни го дадоа, и ете тој го крена во воздух Истанбул, па кој е одговорен, праша Пушков.