
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 15:40 часот на магистралниот пат помеѓу Радовиш и Струмица, пред надвозникот за с.Јаргулица-радовишко, едно лице го загуби животот.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила помеѓу возило „Форд“ со струмички регистерски ознаки управувано од А.Д. (33) од Радовиш и „Фолксваген“ со радовишки регистерски ознаки управуван од У.Д. (25) од Радовиш.
Во незгодата на самото место починал А.Д. а сопатникот Р.Д. (29) од Струмица се здобил со тешки телесни повреди (скршеница на двете надколеници) и по укажаната лекарска помош во МЦ-Струмица бил пренесен во КЦ-Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.