
Во политичкиот дел најзначаен сигнал беше дека во моменти во кои Британија одлучува да ја напушти Европската Унија, двете движечки сили во ЕУ – Франција и Германија упатуваат сигнал дека интеграциите за Западен Балкан остануваат на маса, истакна Попоски, кој додаде дека ЕУ мора да соработува со земјите од регионот, а тоа стана јасно најмногу со проблемите што ги наметна кризата.
-За сите оние кои заборавија колкава е цената на изостанување на Балканот надвор од ЕУ, што можеше да се види од кризите и војните во 90-те, мигрантската криза беше потсетник. Тука стана јасно дека Европската Унија мора да соработува со земјите од регионот и најдобриот начин да се обезбеди една сигурна и мирна Европа е преку интеграциите на Балканот во Европската Унија. Овој тип на соработка веруваме ќе продолжи и во следниот период, смета Министерот за надворешни работи.
Попоски додаде дека клучно прашање за да се остварат интеграциите и понатаму останува справувањето со билатералните пречки меѓу балканските држави.
-Ризиците со кои се соочува ЕУ во радикализацијата, мигрантската криза, но и потребата за поголема конкурентност, го прават Балканот фактор кој придонесува за поголема стабилност и поголем успех. Сепак, останува да се работи на клучното прашање, а тоа е решавањето на билатералните блокади кои доаѓаат од земји членки на Унијата, додаде Попоски.