
Сончево време со мала до умерена локална облачност и со температура до 35 степени не очекува во текот на денешниот ден.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија засилен северен ветер, каде што повремено ќе достигнува брзина околу 70км/ч.
Минималните температури ќе бидат од 14 до 21, а максималните до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.
Во вторник во вечерните часови, како и во среда попладне и во текот на ноќта кон четврток ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во благо опаѓање.