
Пет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која утрово околу 9:15 часот се случила на патот Кичево-Скопје кај превалецот Стража.
Од СВР Охрид за „Република“ информираат дека во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила, „мерцедес“ со италијански регистерски таблички и „голф“ со скопски, а сообраќајката се случила на кичевската страна на патот.
Повредени се пет лица кои се префрлени во кичевската болница, а едно потешко повредено лице, поради сериозноста на повредите, ќе биде префрлено на скопските клиники.
Увид на местото вршат полициски екипи и јавен обвинител.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот е во прекин во двата правци.