
Македонски Телеком е „домаќин“ на финалните натпревари на ЕУРО 2016 што ќе бидат емитувани на најголемиот екран на плоштадот„Македонија“ на 6 и 7 јули и големото финале на 10 јули в недела.
Атмосферата почнува да се загрева во 19 часот и 30 минути со жива музика, забавни игри, супер награди и многу изненадувања, подготвени од Телеком, а тука се и Дарко Панчев и Сашко Коцев, кои ќе нè водат сè до крајот на фудбалската манија. Натпреварите и нивниот пренос започнуваат во 21.00 часот.
Ве очекуваме на „стадионот“ на плоштадот„Македонија“, заедно да ги следиме финалните натпревари на ЕУРО 2016.