
Британскиот таблоид САН објави текст за камерманот Курт Зоненфилд кому му била даден посебен пристап до Кулите близначки по рушењето. Тој тврди дека поседува видео снимка што докажува дека администрацијата на Џорџ Буш однапред знаела за терористичкиот напад на 11-ти септември 2001-та година.
Курт Соненфилд во тој период работел во американското министерство за внатрешна безбедност. Добил неограничен пристап во срушените згради и му било речено да сними се што ќе види. Сепак, тој не ги преддал снимките затоа што тврди дека истите се шокантен доказ дека владата во САД однпред знаела дека ќе има терористички напад.
Како што наведува тој, под Светскиот трговски центар наишол на празен сеф што бил испразнет пред ударот на авионот, што укажува на тоа сека се се знаело однапред.
По ова, неговиот живот почнал да се распаѓа. Бил уапсен поради убиството на неговата жена што била најдена со куршум во главата. Иако обвинението било подоцна повлечено, тој ја напуштил земјата и побегнал во Аргентина затоа што стравува дека ќе го уапсат или ќе го замолчат.
Во едно сум сигурен. Разузнавачките служби знаеја што ќе се случи и во најмала рака дозволија да се случи. Не само што знаеја, туку и учествуваа во тоа, вели Соненфилд во документарен филм снимен во Аргентина.
Според неговите зборови, најсомнително е рушењето на зградата број седум од Светскиот трговски центар, која не претрпела никакво оштетување во нападите.
Оваа зграда не беше удрена од авион, но и покрај тоа, таа 47-катница се сруши за само 6,5 секунди во совршена имплозија, вели тој.
Соненфилд сега живее во аргентина, каде се оженил и има две ќерки. Администрацијата на САД веќе неколку пати безуспешно се обидела да издејствува негово испорачување.
Слични тврдења изнесуваа и други луѓе пред него, но секогаш беа окрактеризирани како теории на завера. Исто така, многумина се уверени дека Соненфилд со бегството во Јужна Америка се извлекол за убиството на жена му. Вистината можеби и никогаш нема да се дознае.