Почина детенце од Скопје, со повреди било однесено во болница

Вчера околу 20 часот во ГОБ Наум Охридски  било донесено дете  на возраст од околу 1,5 година од с.Страхојадица – Скопје,  со повреди.

Неофицијално, медиумите пишуваат дека детето го прегазило еден од родителите кој со автомобил се движел во рикверц и најверојатно не забележал дека детето е зад возилото.

Откако детето било донесено во болница, по извесно време починало. Резултатите од обдукцијата треба да покажат од какви повреди починало детето.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.