
Поранешната шампионка на Вимблдон, Марион Бартоли (31), го откажа своето учество на пријателскиот меч во Лондон поради здравствени проблеми.
Французинката требаше да настапи во дабл заедно со Ен Кетоаваг, но организаторите на Вимблдон издале соопштение во кое се наведува дека таа сепак нема да излезе на терен. Пријателите на тенисерката изјавиле дека Марион нагло ослабнала и дека тоа е причината за нејзината лоша здравствена состојба.
Бартоли изгубила дури 20 килограми откако се повлекла од тенисот во 2013 година, а минатиот месец открила дека тоа е поради диетата која ја вовела.

– Моите оброци се без глутен, сол и јајца. Јадам само органски работи како варен зеленчук, салати и краставици – изјавила тенисерката минатиот месец.
Меѓутоа, нејзините пријатели се загрижени бидејќи со оваа драстична промена на телото, 31-годишната Мерион го влошила своето здравје и сега често се чувствува малаксано поради што често пати останува дома.
За жал ни таа самата не знае за какви проблеми станува збор, бидејќи едноставно драстично изгубила на својата тежина.
– Ова не е живот. Јас едноставно преживувам. Се плашам за својот живот и стравувам дека еден ден срцето само ќе ми застане. Мојот живот во моментот е ноќна мора и не му го посакувам ова на никому. Постепено ситуацијата се влошува – изјавила Бартоли која може да јаде само органски салати, излупени краставици кои мора да ги мие со минерална вода.
Бартоли смета дека непознатиот вирус го добила на патувањето помеѓу Австралија, САД и Индија по кое изгубила 20 килограми. Таа својот најголем успех го постигна во 2011 година, кога во финалето на Вимблдон ја победи Сабине Лисицки и го освои Грен слемот, а само две години подоцна се повлече поради лошата форма.
Токму затоа Французинката одлучи да се повлече од играта и да покрене своја линија на тениска гардероба. Поранешната шампионка на Вимблдон, Марион Бартоли (31), го откажа своето учество на пријателскиот меч во Лондон поради здравствени проблеми.