
Страшна сообраќајка се случила денес на автопатот Велес-Скопје. Како што пишува „Курир“ повикувајќи се на информации од МВР, сообраќајната несреќа се случила утрово околу 11 часот, а во неа едно лице го загуби животот.
Според информациите до кои дошол порталот, несреќата се случила кај местото Ајдучка Чешма, кога автомобил „БМВ“ со скопски регистерски ознаки излетал од високиот мост и паднал во провалија.
Мажот кој загина на лице место, како што дознава Курир, во автомобилот бил сам.
Неговиот идентитет се уште не е познат, а полицијата се наоѓа на местото на несреќата и врши увид.