
Агресивните средства за чистење на рерната никој не ги сака. Еве еден едноставен трик за чистење на рерната што ќе ви помогне да ги отстраните сите дамки, а воопшто не е штетно ниту по здравјето.
Извадете кора од портокал и ставете ја во стаклен сад. Додадете алкохолен оцет и оставете да стои. Преместете во шише со распрскувач.
На рерната ставете сода бикарбона и испрскајте со подготвениот спреј. Оставете да отстои 20 минути и едноставно пребришете. Целата нечистотија ќе ви остане на сунѓерот.
Деталното упатство погледнете го во приложеното видео.