
Сексот е страствен момент во кој треба да уживаат и двата партнери. Но, понекогаш, во големата желба да ѝ удоволат на партнерката, мажите претеруваат.
За разлика од жените кои можат да водат љубов и кога не се многу расположени за тоа а партнерот тоа никогаш нема да го дознае, мажите не можат да одглумат возбуда. Поради тоа, ситуацијата во која неговата „гордост“ не е во 100 процентна позиција, е многу честа.
Но, не грижете се, тоа не значи дека веќе не сте му привлечни и дека не ве посакува. Причините за половична ерекција најчесто се поврзани со стресот, уморот, стравот или пак, несигурноста.
Во желбата да ја задоволат партнерката, мажите понекогаш претеруваат. Со оглед на тоа што мажите претставуваат физички посилен пол, понекогаш нивната сила не оди во ваша корист. Премногу грубата орална игра е многу честа и повеќето жени ја игнорираат.
Груби допири, но и остра брада можат многу нагло да го намалат, или целосно да го изгаснат пламенот на страста. Единствено решение на овој проблем е комуникацијата. Објаснете му дека „тоа доле“ е чувствителна и нежна зона која бара еднакво нежни допири и бакнежи.
Повеќе од 70 отсто од жените барем еднаш се нашле во ситуација во која едноставно не доживеале оргазам. Иако прераната ејакулација е медицински проблем, во повеќето случаи станува збор само за ефектот кој го имате врз вашиот партнер, што може и да ви ласка.
Но, ако ваквата ситуација се повторува многу често, време е за промени. Разговарајте со партнерот или употребете некоја од техниките кои помагаат. Подебел кондом или мастурбација пред сексот се само некои од техниките кои можат да ви помогнат да дојдете до посакуваниот оргазам.