
Претседателот на Еверопски парламент Мартин Шулц денеска остро го критикуваше составот на Кабинетот на новата британска премиерка Тереза Меј наведувајќи дека со тоа се продолжува „опасен маѓепсан круг“ кој ќе и наштети на Велика Британија и на Европа.
– Ние ќе соработуваме со новата британска Влада во овие тешки времиња… Но, составот на новиот Кабиент покажува дека фокусот на новата Влада е помалку за иднината на државата, а повеќе на јакнење на внатрешната кохезија во Конзервативната партија, нагласи германскиот политичар.
– За жал, тоа е само продолжение на она од кое произлезе и тој несреќен британски референдум, истакна Шулц.
Тој додаде дека „Велика Британија мора да го прекине тој опасен маѓепсан круг, што директно има влијание и врз остатокот од Европа“.
– Европа се наоѓа во неизвесна и тешка ситуација, и затоа мора сите да се однесуваме многу одговорно, истакна претседателот на ЕП.