
Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 30 до 36 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и особено во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, како и засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд.
Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.
Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.