
Непознато лице вчера во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија се обидело да ја убие 64 годишната З.Б. од Гевгелија.
Настанот се случил во периодот од 15 до 15:30 часот кога сторителот со врвка од обувка се обидел да ја удави жената, а откако не успеал со тупаници почнал да ја удира по главата по што избегал.
Жената со тешки повреди по пружената лекарска помош во гевгелиската болница каде и се констатирани подливи и крварење во мозок е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.