
Министерството за надворешни работи информира дека континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул.
Воедно, ги известува сите македонски граѓани кои се наоѓаат во овој момент во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации, стои во денешното соопштение од македонското МНР.
За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, се посочува во соопштението, молиме да се обратите на отворените телефони во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи.
Амбасада на Република Македонија во Анкара
Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691
Телефон: + 903 12 439 92 08
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara
Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул
Мобилен телефон: +90 535 545 80 41
Телефони: T: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul
Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Мобилни телефони: +38972 242 783; +38972239045
Телефони: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790
Е-пошта:[email protected]