
Рок-ѕвездата и фронтмен на групата „ЈуТу“ Боно Вокс го преживеа терористичкиот напад во Ница, а во неговото спасување помогнала и специјалната антитерористичка единица на француската полиција, објавија француските медиуми. Боно, во времето кога терористот го започнал својот крвав пир, убивајќи притоа 84 лица, меѓу кои и 20 деца, вечерал во блискиот ресторан. Боно, инаку, поседува куќа во Ница и во ресторанот уживал со пријателите кога, на 14 јули терористотот го започна масакрот.
Откако прво биле изненадени, гостите на ресторанот почнале да паничат, раскажал еден од гостите во ресторанот.
Некаде околу 23 часот пристигнала и полицијата во тој објект.
Очевидците пренесуваат дека биле силно вооружани и многу загрижени верувајќи дека терористот не дејствувал сам.
– Имајќи предвид дека ресторанот во близина на плоштадот во Ница, полицијата беше недоверлива кон сите, па им нареди на сите присутни да ги кренат рацете во воздух. Боно стана и постапи според наредбата, како и сите други – рекла Ан-Лаура Руби, сопственичката на ресторанот.
Откако го препознале, како и уште неколу други познати јавни личности, Боно со пријателите, под придружба на полицијата, бил спроведен на сигурно.
Ова е веќе третпат фронтменот на „ЈуТу“ да се најде во ризична ситуација.
Во ноември минатата година, Боно имал проба во Париз во времето кога терористите го нападнаа театарот „Батаклан“, каде беа убиени 89 луѓе.
Боно, како ирско момче, сведочел во 1974 година на терористичкиот напад на Ирската републиканска армија (ИРА) во Даблин, кога биле убиени 33 лица.