
Кога имаат потреба да одат во тоалет надвор од домот, луѓето најчесто одат во јавен тоалет, а притоа на тоалет школката ќе натрупаат тоалетна хартија па ќе седнат – уверени дека на тој начин се заштитени од бактерии и вируси…
Но тоа, според експертите, може да направи повеќе штета отколку корист, односно може да ја зголеми изложеноста на кожата на микроорганизми.
Имено, тоалет школките се дизјанирани така што микроорганизмите неможат да се задржуваат на нив, односно таму неможат долго да преживеат. Од друга страна, тоалетната хартија е „сунѓер“ за микроорганизмите, во него може да живеат подолго време и да се размножуваат.
Со секое пуштање вода во ВЦ школката (освен ако капакот е спуштен) низ просторот се шират ситни честички што се таложат на се – на даската, хартијата, ѕидот, вратата… И додека на вештачките материјали микроорганизмите неможат да преживеат долго, на тоалетната хартија можат… На тој начин кога таа хартија ќе ја ставите на даската и ќе седнете, телото е директно изложено на микроорганизми, многу повеќе отколку ако седнете директно на даската.
Затоа во јавните тоалети најдобро е воопшто да не седнувате – подобро е да завршите работа со клекнување. Исто така не е добро и да се бришете со тоалетната хартија што виси нанадвор, туку тој дел да го извлечете и да го фрлите, па да ја користите хартијата што неможела да биде изложена на честичките вода промешани со микроорганизми, пишува Литл Тингс.