
Анадолија пренесува дека седуммина обвинители на кои им е доверена истрагата за неуспешниот воен удар во Турција, заедно со полицијата влегле и извршиле претрес на воената база Инџирлик, која се наоѓа на југот на земјата.
Воената база Инџирлик ја користат војниците на НАТО, особено американските, но и останатите коалициони партнери. Во неа се чува и нуклеарно оружје.