
Во касарната Илинден – Скопје, денеска ќе се одржи свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија.
На свеченоста ќе присуствува и ќе се обрати министерот за одбрана, Зоран Јолевски, а присутни ќе бидат и заменик-министерот Беким Максути, заменик – началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај и други претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.