
Сончево време со умерена облачност и со умерен северен ветер не очекува во текот на денешниот ден. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 31 степен.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
До крајот на неделата ќе се задржи стабилно време со пораст на дневната температура.