
Полицаец вработен на Истанбулскиот трговски универзитет денеска отворил оган кон свои колеги, кои дошле со налог да го апсат, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Според информациите, се работи за човек од обезбедувањето на ректорот Назим Еркен.
Тој одбил мирно да се предаде и започнал да пука кон полицијата, со што на Универзитетот започнала престрелка.
Осомничениот се предал дури кога на местото пристигнале и членови на специјалните единици на полицијата.