Тодоров: Ќе работиме посветено и максимално за на 31-ви август да се констатира дека се исполнети сите услови за ибори

Според вицепремиерот во владата на РМ и министер за здравство Никола Тодоров клучно во  договорот што го постигнаа партиите е тоа што е  одреден ден за проценка на спроведеното од Договорот од Пржино.

Тоа е оној ден кој што го договоривме 31-ви август, ден кога треба лидерите да седнат и да направат евалуација или проценка дали претходно споменатите услови, а тоа се избирачкиот список и овој дел за медиумите се исполнети или не. Ако се исполнети тогаш да се констатира дека сите овие услови за одржување на фер и кредибилни избори се исполнети и да го утврдат датумот на изборите. Со тоа сакавме да превенираме СДСМ повторно да не може да ја стави државата  во онаа ситуација во која претходно ја стави, а тоа е да имаме закажано избори и тие избори да  бидат одложени и на тој начин да се продолжува и продлабочува кризата, рече тој.

Тој изрази надеж дека нема да има опструкции.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе дадеме се со цел да заврши. Како што и претходно изјавуваме додека  траеја преговорите, дека ние доаѓаме на преговори за да најдеме договор, така и сега ние ќе работиме посветено и максимално во целиот овој период да се исполнат сите услови кои што се неопходни за на 31-ви август лидерите да може да кажат дека нема  никакви пречки за оддржување на изборите и сите да учествуваме на изборите.