
Моментно најпопуларната пејачка во светот, Тејлор Свифт влезе преку медиумите на конфликт со кланот Кардашијан, а тоа не и донесе нови фанови – напротив.
Иако 26-годишната пејачка е жива и здрава, некој непознат ја „погреба“ со поставување на нејзин „посмртен мурал“ во Мелбурн.
– Во сеќавање на Тејлор Свифт, 1989-2016, напиша непознат уметник, додавајќи дека „не сака тага“ и повикува на „почит кон починатата“.
Иако авторот за муралот користел букви со кои презимето на пејачката може да се прочита и како „Смит“, сепак сликата не остава место за сомнеж за кого станува збор.
Фотографиите од муралот набрзо стигна и до социјалните мрежи и покрена жестока дебата