За да се утврди точниот износ на состојките прво мора да го знаете вашиот тип на кожата и што сакате да постигнете. Ако имате почувствителна кожа користете сооднос 2:1 кокосово масло наспрема сода бикарбона. Ако ви треба пилинг за лице користете сооднос 1:1.
Се што треба да направите е да ги промешате овие состојки и нежно да ја нанесете смесата на кожата (не е важно дали е водена или сува).
Имате 2 можности: Можете да ја нанесете како маска на неколку минути за уште подлабински третман или само да ја измиете со топла вода, откако нежно ќе ја втриете во лицето. Затоа подобро е да направите мала количина доволна само за еден третман.
Оваа домашна маска за лице е мошне корисна и најважно е што е направена од лесно достапни и евтини состојки.