Битолчанец пронајден мртов во својот дом

53-годишниот Б.Д бил пронајден мртов вчера околу 17 часот во својот дом на улицата „Браќа Миладинови“ во Битола.

На телото не се пронајдени никакви траги од насилство.

Полицијата извршила увид на местото. Од страна на Јавен обвинител наредена е обдукција врз телото на починатиот.