Кој хороскопски знак ќе ве сака до гроб, а кој ќе ве остави пред олтар?

Вага

За Вагите најдобриот дел од врската е кога се разменуваат слатки зборови и нежни гестови. Веднаш штом од оа ќе се „изродат“ некои подлабоки чувства, Вагата тоа веднаш ќе го објави пред сите. Единственото прашање е дали таа навистина го мисли тоа. Во суштина, таа не е вљубена само во вас, туку и во самата љубов, а бидејќи по природа е малку нарцис, нејзиното „Те сакам“ о себе си го крие продолжението „но себе си се сакам малку повеќе“. Не грижете се, тоа нема да влијае на вашата врска, сè ќе биде во ред.

Скорпија

Скорпијата ги крие своите мисли, но кога ќе ви каже дека те сака, тоа е сериозно и големо нешто. Всушност, тоа ќе се користи како лозинка за да може да ве одвои од останатите љубовни признанија и љубови за да бидете „квит“ – по некоја нивна логика на размислуање. Добрата работа во сето ова е тоа што кога ги изговара познатите зборови, во повеќето случаи, тоа и го мисли, па од таа страна, може да бидете смирени. Тие ќе бидат до вас толку долго колку што сакате да биде.

Стрелец

Ќе се прашувате дали сте слушнале добор кога Стрелецот ќе ги изговори овие зборови. Не е ниту пијан, ниту маѓепсан и не се однесува неодговорно? Не сте му ставиле ниту пиштол на главата? При себе си е и целосно е свесен? Е тогаш – алал да ви е! Имате среќа да доживеете нешто што малкумина имаат можност да го доживеат. Ќе имате убава приказна за внуците еден ден, но никогаш немојте да го врзувате за себе си. Тоа може да го направите и на дискретен начин, во спротивно еден ден тој може да се чувствува заробено и само ќе сака да избега.

Јарец

Јарец верува дека големите нешта се ништо во споредба со делата, кои, всушност, ги покажуваат вистинските чувства. Ова се однесува и на исказот „Те сакам“. Ќе ве анализира и ќе ве стави „под лупа“, ако го прашувате зошто е толку скржав на нежните зборови. Ако ги изговари овие два збора, треба да знаете дека е 100% сигурен за своите чувства. Па дури и ако сметате дека малку „доцни“ со изгоарање на истите, сетете се дека на многу начини тој веќе ви покажал колку многу ве сака.

Водолија

Водолија спаѓа во категоријата на луѓе кои треба со клешти да им ги извлечете изјавите на љубов. Во најдобар случај, ако го прашате дали ве сака, неговиот одговор ќе биде како: „Па … се разбира“. Секако, под овие околности, сметајте дека ова е дипломатски одговор, што не укажува на стабилноста на вашата врска. Водолијата ја поддржува слободата. Му се допаѓа чувството дека во секој момент може да се извлече (иако длабоко во себе сака да остане постојано во контакт). Едноставно, тоа е нешто што не му го кажува никому … па зошто би ви го кажал и вам?

Риби

Кога врската е без љубов и слатки разговори помеѓу две лица, овој знак во Зодијакот се чувствува како – риба надвор од вода! Таа не може тука да преживее. Во првата можност, што ќе и’ се укаже, ќе ви каже дека ве сака. Таа сака тоа да го каже, но, исто така, сака и да го слушне, одново и одново. И нема да и’ стане здодевно. Првиот пат кога ќе ги споделите овие зборови, ќе биде задоволна и симпатична, но со текот на времето, по толку многу повторувања, ќе почнете полека да го „губите трпението“. Од друга страна, Рибите се со непредвидлив карактер. Може да се случи едно утро да стане и едноставно да ви каже дека не ве сака – дека се „одљубила“. Затоа, немојте слепо да се држите до сè што ќе ви каже.