
Пред поголем број на граѓани во селото Немањици се одржа традиционалното свечено претставување на Овчеполските Илинденци кои како коњаници ќе патуваат за Крушево.
Пред многубројните граѓани и градоначалникот Зоран Тасев, во убава атмосфера и пригодна културно уметничка програма илинденците дадоа свечена заклетва, по што се одржа и свечена литургија во црковниот храм Света Богородица.