Вага
За Вагите што се во врска или во брак мошне важен ќе биде искрениот однос што го имаат со партнерот. Искористете го убавото време за повеќе да се дружите со вашите партнери, заедно да правите некои работи и да го продлабочите или да остварите некое повисоко ниво во вашата врска. Можно е во односот да имате искачувања и падови, но тоа не е ништо страшно, ќе помине. Важно е да бидете трпеливи и двајцата да имате разб ирање еден за друг. Доколку сте слободни, исто така ќе бидете со променливо расположение. Ќе бидете расположени за љубов и флерт секако, но нема во секој миг да имате трпение за сите тие потенцијални партнери и симпатии. Постојано ќе имате некои забелешки без разлика на тоа како потенцијалните партнери се однесуваат кон вас. Засега уживајте во слободата, а љубовта ќе дојде.
Скорпија
Вашиот однос со мајката ќе биде пресуден за односот со партнерот. Иако ви делува чудно, но така како што се однесувате кон мајката, така ќе се однесувате и кон љубовниот партнер. Не е непозанто дека дека на нашето однесување во било кој сегмент најмногу влијаат родителите, а кај вас тоа особено ќе биде изразено во август. Советот е да ги следите вашите чувства и вашето срце, а не она на што сте навикнати или научени. Додека кај зафатените ќе биде вака, слоб одните Скорпии уживаат во тоа што го имаат, во слободата пред се.
Стрелец
Слободните припадници на овој знак ги очекува убаво и мошне занимливо лето. Постојано ќе има забава и заведување, а не е исклучено и дека ќе започнете врска со некоја личност што веднаш ќе ве освои, но исто така можно е и таа врска да треба да се оддржува на далечина. Оваа личност така ќе ве привлече што сосема „ќе го загубите паметот“, ќе сакате што е можно повеќе време да поминувате со неа, а особено ќе ви бидат занимливи разликите меѓу вас затоа што вашата нова љубов ќе може да ве научи на се што не сте знаеле до сега. Ако сте во врска, ова е мошне важен период за вас. Нешто ќе се официјализира – вашата врска во некоја смисла ќе премине на повисоко ниво и затоа ова е вистинско време за отворено да разговарате со партнерот за тоа. Секако ве очекува мошне убав и задоволувачки период.
Јарец
Ова едефинитив но најдобриот месец за љубов кога станува збор за Јарците без разлика дали се зафатени или се слободни. Ќе бидете повеќе од вообичаено заинтересирани за љубов, забава, нема да ве држи место и така ќе го привлекувате вниманието на спротивниот пол. Доколку сте слободни ќе ве привлече некоја личност на чиј шарм веднаш ќе паднете. Слободно препуштете се! Доколку сте зафатени можни се мали конфликти во бракот или во врската, но со оглед на тоа дека сте многу романтични и љубовно настроени се ќе решите со леснотија, па тоа нека бидат вашите главни адути за помирување.
Водолија
Август за Водолиите дефинитивно ќе биде во знакот на сексот. Ќе бидете отворени за експериментирање со некои нови работи и забави во креветот. Секако, ако сте во врска тоа ќе биде со вашиот партнер, а доколку сте слободни изгледа дека и така слободно ќе се однесувате. Но, тоа не е ништо страшно, затоа што дојде време да уживате. Препуштете се и уживајте и правете го она што ве прави исполнети и среќни. Советот е во секој аспект на љубовниот живот да бидете искрени кон себе си и да го слушате своето срце, па да тргнете за она што ви го предлага вашата интуиција. Ќе биде мошне важно во одредени ситуации да се контролирате и да знаете кога е доста и кога она што го правите е претерано. Сепак, имајте на ум дека вие сте тие што ги поставуваат границите.
Риби
Во овој период нема многу да се менува на полето на љубовта, без разлика на тоа дали сте слободни или сте во врска. Може да се каже дека ова е мирен период, а сите турбуленции се одамна зад вас.
В реме е да уживате со партнерот , а доколку сте слободни, посветете се на себе си и на се она што ве исполнува. Секако, без оглед на вашиот емотивен статус, советот е да не ги мешате приватниот живот и работата затоа што тоа никогаш не излегло и нема да излезе добро. Одвоете ги овие две нешта, затоа што никогаш не одат добро заедно. Ако најдете партнер што ви е колега немојте за тоа да им кажувате на сите, посебно не на соработниците и на колегите или пак на луѓето што имаат било каква врска со вашата работа.