
На Обединетите нации им е потребно отворање на нови хоризонти, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова кандидатот за генерален секретар на Организацијата на обединети нации, д-р Срѓан Керим.
За да бидат оспособени Обединетите нации да ги отвораат тие нови хоризонти, тие мораат пред сѐ самите себеси да се реформираат. Потребно е да се избере генерален секретар кој има јасна визија и концепт како да го промени управувањето со системот, изјави Керим.
Керим додава дека се избира генерален секретар на Обединетите нации, не генерален секретар на светот и дека тој ќе управува со меѓународна организација која е во централна во системот на мултилатерални односи во светот и која има своја повелба.