
На седницата на дубровничкиот градски совет веќе се усвоени измените на одлуката за комунален ред со кои е овозможено казнување на сите кои низ историскиот дел шетаат„во костим за капење, без облека или дел од облека“.
Со измената на одлуките за комунален ред, на комуналните редари им е овозможено да казнуваат туристи кои се непримерно облечени на јавни површини и во историскиот дел на Дубровник.
Заменик градоначалникот Жељко Рагуж истакнал дека на влезовите во градот ќе бидат поставени најави, и казните за шетање низ историскиот дел во градот во „костим за капаење, без горна или долна облека“ ќе изнесуваат илјадници куни, односно 500 куни на лице место.