Најдена експлозивна направа во фабриката Железара

Во фабриката Железара во Скопје вчера околу 9:00 часот на sидот од хемиската лабораторија, вработените забележале дека е прикачена експлозивна направа.

Од страна на екипа од Антитероризам излезено било на местото на настанот и  констатирано е дека се работи за стара направа, која е подигната  за понатамошна постапка, соопшти денеска МВР.