
Тешка сообраќајка се случила вчера во 10.40 часот на регионалниот пат кај раскрсницата Дојранска во Валандово, помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Л.П. од село Куклиш и патничко моторно возило „Застава 128“ управувано од 80-годишниот Т.Г.
– Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото Т.Г. и сопатникот Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде Т.Г. им подлегнал на повредите. На Р.Г. и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување, соопштуваат од МВР
Полицијата излегла на местото на несреќата.