Димитриев на одбележување на завршената изградба на магистралниот гасовод Клечовце – Штип

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев денеска ќе присуствува на одбележување на завршената изградба на Магистрален гасовод, Делница Клечовце – Штип (БС 5), како дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија.

Изградбата на оваа делница е дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија, еден од најзначајните национални проекти.