Ваучери за 53 новороденчиња од општина Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ денеска додели 53 ваучери во износ од 6.000 илјади денари за новородените бебиња во општината. Од нив 30 се за женски и 23 за машки деца.

Заклучно со денешното доделување, бројот на семејства кои досега ја искористиле еднократната парична помош се искачи на 1.525.

– Би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на мојот мандат, нагласи градоначалничката.