
Двајца срспки државјани се приведени во Охрид. Лицата Ф.А. (24) и М.В. (28), двајцата од Ниш-Р.Србија, се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Лицата биле фатени со помало количество марихуана a синоќа во 22.10 часот лицата се ослободени и во текот на денешниот ден истите ќе треба да се јават на закажано судско рочиште во Основен Суд Охрид.