
Беровец собирал печурки, а нашол пиштол и рамка со три куршуми.
На шумскиот пат на местот викано „Гајски преслап“, атар на Берово, вчера околу 10.30 часот Т.Б. (44), додека собирал печурки, пронашол пиштол калибар 7,62 мм и една рамка со три куршуми.
МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.