
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издаде наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на мотоциклистот од сообраќајката кај Кисела Вода.
22-годишниот С.А. за жал им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа кај Рампа
Покрај ова, обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата.