
Втори август, вторник, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Македонија, согласно Законот за празници, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.
Република Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ.