
Толкувањето на членот од Кривичниот законик цитиран во текст кој се најде на македонските портали, предизвика забуна кај граѓаните. Наместо доследно да биде толкуван тој внесе поголема забуна. Авторот не објаснува дека Членот 291 од Кривичен законик се однесува на уништување или оштетување на јавни инсталации, а броилото не претставува јавна инсталација.
Членот 291 од Кривичен законик е мошне прецизен во тој поглед и според него „тој што ќе уништи, оштети, отстрани, измени или ќе ги направи неупотребливи инсталациите за јавна употреба на и со тоа ќе предизвика значително нарушување на редовниот живот на граѓаните или стопанското работење, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“.
Со овој член се врши заштита на граѓаните и деловните субјекти при јавна употреба на вода, топлина, плин или енергија или инсталациите на системите за врски.
Броилото не претставува јавна инсталација туку е уред (во сопственост на дистрибутерот) со кој се мери индивидуалната потрошувачка на овие јавни добра од страна на секој поединечен граѓанин /деловен субјект.
Од ЕВН Македонија го потврдуваат ова и велат дека и полицијата и ЕВН имаат поднесено поголем број кривични пријави согласно цитираниот член 291од Кривичниот законик (КЗ) во случаите кога граѓани/деловни субјекти со дејствија преземени од нивна страна ја оштетуваат дистрибутивната мрежа и предизикуваат прекин на снабдувањето со електрична енергија на други граѓани/деловни субјекти. Ниту Уставниот суд ниту било кој друг суд или орган во Република Македонија нема донесено член со кој се ограничува/забранува исклучувањето на мерните уреди од дистрибутивната мрежа при исполнување на условите утврдени во Законот за енегетика, Мрежните правила и Правилата за снабдување.
Согласно Законот за Енергетика (Член 28 став) Регулаторната комисија за енергетика за секој вид енергија и природен гас донесува одделни правила за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и природен гас со кои правила поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем, а особено условите и постапката за исклучување на потрошувачите од преносните, односно дистрибутивните системи во случај кога потрошувачите не ги исполнуваат обврските уврдени со закон, пропис и договор.