
Дваесет и четиригодишно момче заврши на скопските клиники откако претходно се повредил додека скокал во реката Пчиња.
Во 18 часот и 30 минути екипа на Итна медицинска помош Куманово телефонски пријавила дека во селото Шупли Камен во кумановско, се самоповредил 24-годишниот Б.С.
Според податоците од полицијата тој при скокање во реката Пчиња го повредил вратниот пршлен и по укажаната лекарска помош во болницата во Куманово, поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му била констатирана фрактура на вратна кичма.
Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.