
На социјалните мрежи се појави видео снимка на кои се гледа како авионот што полетал со 275 патници од меѓународниот аеродром Тривандрум во Индија удрил на пистата на аеродромот во Дубаи.
Авионот на Емирати претходно додека се доближувал кон пистата зад себе оставал остатоци, а видлив бил и чад. Според она што може да се види на снимката, еден од моторите се влечеше на пистата.
@BBCBreaking @BBC_HaveYourSay just witnessed a crash at Dubai airport.. I have more footage pic.twitter.com/WeOb4UOONS
— Edmund Basil (@EdmundBasil) August 3, 2016
Властите во Дубаи потврдија дека Боинг 777-300 удрил на пистата на аердромот нешто по 13 часот по локално време (околу 8 часот по македонско време) со 275 патници.
Авионот полетал три часа пред тоа од аеродромот во Индија, а светските медиуми јавуваат дека пилотот испратил сигнал за помош кратко пред слетувањето на авионот.
Засега нема информации за повредени патници.