
Клое Кардашиан е препознатлива по нејзиниот совршен тен, но како што признава самата, и таа понекогаш мора да се справува со акни.
Имено, 32-годишната Клое ги изненади нејзините обожаватели откако ја откри нејзината тајна за тоа како преку ноќ да се ослободите од акните.
На нејзиниот веб сајт Клое објасни дека штом ќе и се појават мозолчиња таа бара само еден одреден продукт за нега на кожата.
Незнаете ништо ако не сте го пробале Лосионот за сушење на Марио Бадеску, напиша таа.
Секој пат кога имам мозолче го мачкам со овој лосион и го оставам преку ноќ. Следното утро го нема!
Како и да е, сестрата на Ким признава дека го користи овој продукт само кога има акни, а за дневна употреба бира поблаги производи.