Продукти што ги регулираат хормоните кај жените

Ако се земе во предвид забрзаното темпо на живот на жените воопшто не чуди фактот што инсулинот, естрогенот и другите хормони може да излезат од рамнотежа и да предизвикаат голем борј тегоби, па дури и болести.

Хормоните се „гласници“ во организмот кои пренесуваат информации. Тие преку крвотокот стасуваат до ткивата и клетките и влијаат на голем број процеси: растот и развојот, измената на материја, сексуалната функција, репродукцијата, расположението, чувството за глад…

Половите хормони предизвикуваат дебелеење и промена на расположението

Голем број фактори влијаат врз лачењето на хормоните, а исхраната е само еден од нив. Затоа не треба да се залажувате: иако дел од продуктите може да ви пом огнат во намалување на симптомите од нерамнотежата на хормоните, исклучиво соодветната исхрана неможе во целост да го реши проблемот, особено ако личноста живее неуреден и стресен живот, без доволно сон и вежбање.

Дали страдате од промена на расположението, необјасниво добивање на тежина, замор, намалено либидо? Можно е вашите полови хормони да не се во рамнотежа и затоа секако би требало на ум почесто да ги внесувате овие продукти во исхраната…

Ленено семе

Ова е еден продукт што ретко како кој друг изобилува со вредни состојки, а е мошне занемарен во нашата исхрана. Секој вид семенки има свои предности, но сепак прво меѓу нив, барем кога станува збор за женското здравје се ленените семки. Свежо мелените ленени семки се одличен извор на важните алфа-линоленски-киселини, на благотворни омега 3 масни киселини. Мелените семки од лен се одличен извор на фитоестроген кој докажано ги штити жените од карцином на дојка и на јајници, а воедно има позитивен ефект на овулацијата и го продолжува траењето на втората половина од сиклусот во која доминира хормонот прогестерон. Благодарение на ова, кај жените што се обидуваат да забременат конзистентната овулација ја зголемува шансата за зачнување, кај жените на возарст од 35 до 55 години придонесува за рамнотежа на половите хормони и ги намалува симптомите на ПМС, додека кај повозрасните жени помага за ублажување на симптомите од менопаузата.

Кокосово масло

Телесните масти влијаат на испуштањето хормони заслужни за регулација на менструалниот циклус, а со самото тоа и за овулацијата. Се смета дека минималниот удел на масно ткиво што му е потребен на организмот за ормална овулација е 18 отсто. Затоа е жано вашата исхрана да содржи доволно квалитетни маснотии. Јаткастите плодови и семки ќе ги осигураат потребните маснотии, но венсувањето и кокосово масло во исхраната ќе ви пружа „материјал“ за производство на хормони. Покрај кокосовото масло и авокадото може да послужи како соодветен извор на маснотии.

Јајца

Со само 70 калории во него, јајцето содржи над 11 корисни хранливи материи. Едно јајце (во зависност од величината) обезбедува меѓу 4,5 до 6 грама протеини, а половина од таа количина се наоѓа во белката, додека остатокот е во жолчката. Јајцата понатаму се добар извор на колин, лутеин, железо, витамин Б2, витамин Б6, витамин Д и витамин Е. Сите состојки придонесуваат за здрав репродускциски состав, особено витаминот Б6 што има улога во регулацијата на активностите на хормоните.