Без струја дел од општина Аеродром

Без електрична енергија денеска ќе останат корисници на ул. „Тодор Чангов“, подулици 46 и 48 во општина Аеродром, во периодот од  8.30 до 13.30 часот.

Од 9 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците на дел од улиците „Мите Богоевски“, „Димитар Македонски“ до ул. „Блажо Орландиќ“ во Аеродром.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во електромрежата, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија.