Претседателот Иванов го зголеми бројот на ангажирани припадници на АРМ

На барање на граѓаните од подрачјата зафатени со невремето, претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов донесе одлука да ангажира дополнителен број припадници на Армијата на Република Република Македонија, со цел да помогнат во санирањето на последиците и штетите од катастрофалното невреме и да ја пружат потребната помош на месното население.

Како што соопшти кабинетот на Иванов, претседателот веднаш по големото невреме кое во саботата навечер ја зафати Република Македонија, а особено скопскиот регион, ја задолжи АРМ да ги стави на располагање сите расположливи капацитети за помош во санирање на штетите предизвикани од невремето.

Војската е активно вклучена на терен со сите расположливи ресурси, со цел ублажување на последиците во најпогодените подрачја.