-Најдобра регулација на медиумите е од луѓе кои се директно од фелата. Заради тие прицини во консултации со најголемата асоцијација на новинари МАН, побаравме да достават свои предлози кои потоа ги испративме до АВМУ. Согласно договорот постигнат меѓу партиите кој потоа беше вграден и во Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ ги предложи Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов за членови во ад- хок телото на Советот за радиодифузија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека станува збор за долгогодишни новинари, уредници, дописници кои со својата работа дале значаен придонес во медиумите.